Дома Фудбал Лига на шампиони Пресврт: Азар на терен може веќе во вторник!

Пресврт: Азар на терен може веќе во вторник!

Tренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан го објави списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах, а на списокот се најде и едно изненадување – Еден Азар!

Белгискиот репрезентативец сезонава не одигра ниту една минута, а медиумите во Шпанија неодамна пишуваа дека поранешниот фудбалер на Челзи ќе биде надвор од терените до крајот на ноември.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Азар го мачи повредата на десната нога и последниот меч го одигра уште на 7. август, а веста дека Зидан одлучил да го врати на списокот од 21 играч за дуелот со Борусија ги израдува навивачите на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инцидент во Неапол: Повредени се навивачи на Челси, се огласи и лондонскиот клуб

Англискиот фудбалски клуб Челси упати апел до своите навивачи кои отпатувале во Неапол за …