Дома Фудбал Мурињо сака нов договор за Сон

Мурињо сака нов договор за Сон

Раководството на Тотенхем сака да го задржи во своите редови Хјонг-Мин Сон и веќе спреми нов договор.

Јужнокорејскиот напаѓач игра одлично веќе подолго време, а исклучително добро ја отвори и оваа сезона.

Сон е еден од најдобрите поединци во тимот на Мурињо, па клубот сака да го награди со нов договор, а „Специјалниот“ јавно побара од раководството да биде продолжен неговиот договор.

„Би сакал Сон да го продолжи договорот. Неговиот договор важи уште ѕтри години, па ситуацијата не е хитна. Сите во клубот го сакаат, се надевам дека ќе остане што е можно подолго“, изјави Мурињо.

Сон во моментов заработува 150 000 фунти неделно, а според новиот договор ќе добие покачување од најмалку 75 000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…