Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека ќе го убеди дефанзивецот Ерик Гарсија да го продолжи договорот со „граѓаните“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот талент одигра одлично синоќа против Порто, но влезе во последната година од договорот и е поврзуван со враќање во Барселона.
„Знам дека сакал да замине, но можеби ќе успееме да го убедиме оваа година да го продолжи договорот со нас. Ерик е многу стабилен со цврст карактер и среќни сме што го имаме“, изјави Гвардиола.
Емерик Лапорт ги поднови тренинзите и се очекува наскоро да се врати на терените, додека Аке ја лекува повредата на мускулот.