Лоши вести пристигнаа за тренерот на Интер Антонио Конте неколку часа пред дуелот со Борусија Мехенгладбах во Лигата на шампиони.
Имено, клубот потврди дека Ашраф Хакими на денешното тестирање дал позитивен тест на Ковид 19.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Хакими е без никакви симптоми и веднаш е ставен во карантин во согласност со протоколите.
Се зголемува бројот на позитивни фудбалери на коронавирус во Интер, бидејќи се уште позитивни се Скриниар, Ешли Јанг и Наинголан, додека Бастони од пред два дена е негативен на Ковид 19.
? | COMUNICATO
— Inter (@Inter) October 21, 2020
FC Internazionale Milano comunica che @AchrafHakimi è risultato positivo al Covid-19 in seguito all’ultimo controllo Uefa
? https://t.co/rN26AUyCdK#FCIM