На Серхио Агуеро му истекува договорот со Манчестер Сити на крајот од сезоната и истиот би можел да не биде продолжен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Агуеро важи за ѕвезда на „граѓаните“ сепак не е сигурен. Имено, Пеп Гвардиола во изјава за британските медиуми порача дека Агуеро мора да се докаже за да остане дел од тимот.
„Серхио мора да докаже дека заслужува да остане тука како секој од нас. Мора да продолжи да игра на високо ниво и да постигнува голови. Потоа клубот и јас ќе донесеме одлука“, изјави Гвардиола.
Агуеро во Манчестер Сити пристигна пред девет години од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра.