Дома Фудбал Лига на шампиони Утрешниот натпревар од Лигата на шампионите ќе го гледаат точно 999 гледачи

Утрешниот натпревар од Лигата на шампионите ќе го гледаат точно 999 гледачи

Елитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите стартува утре и во среда кога на програмата се натпреварите од 1. коло во новата сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На некои стадиони ќе биде дозволено присуство на публика, додека добар дел од натпреварите ќе се играат без гледачи.

Натпреварот помеѓу Лајцпиг и Башакешир ќе го гледаат точно 999 гледачи. Таквата одлука ја донесоа локалните власти после влошувањето на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Инаку, домашните натпревари на Лајцпиг во Бундеслигата ги следеа 8.500 гледачи, меѓутоа ситуацијата со вирусот во последните денови се влоши па работите се променија.

Бројот на заразени расте и во Минхен. На 100.000 жители се бележат 87 случаи па организаторите на овој меч одлучија Баерн и Атлетико да играат без гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вратата на Барселона за големата ѕвезда засекогаш е затворена: „Никогаш повеќе“

Нико Вилијамс беше постојана мета на Барселона минатото лето. Се зборуваше дека трансферот…