Дома Ракомет Чудото на Митревски најдобра одбрана, само Абало пред „шраубата“ на Столе ?

Чудото на Митревски најдобра одбрана, само Абало пред „шраубата“ на Столе ?

Четвртото коло во Лигата на шампионите и натпреварите кои се играа вчера беа одлични за нас, Вардар го победи Флензбург во Скопје, а Никола Митревски имаше спектуларна одбрана против ПИК Сегед.

Немаше никакви дилеми, ЕХФ ја избра таа одбрана за најдобра во колото. Тешко дека и некој друг ќе изведе подобра одбрана во целата сезона. Она што вчера го направи Митревски ретко се гледа во ракометот.

Малку недостасуваше и во изборот на најубави голови прв да биде Македонец. Стоилов со неговата „шрауба“ заврши на втората позиција зад голот на Лук Абало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Од светско кадетско злато до градска награда: Штип го одликува Џорлев

Марко Џорлев е добитник на наградата „8 Ноември“ по светската кадетска титула во карате. П…