Дома Фудбал Јувентус останува со празни раце: Рамос и Реал се договорија

Јувентус останува со празни раце: Рамос и Реал се договорија

Вчера италијанските медиуми лансираа вест дека Јувентус работи на доведување на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, па Јувентус сакаше да ја искористи таквата ситуација и да го доведе дефанзивецот како слободен агент.

Шпекулациите уште повеќе се засилија бидејќи имаше застој во преговорите помеѓу Реал Мадрид и агентите на Рамос.

Меѓутоа, денес „Марка“ ексклузивно објави дека Реал Мадрид и Серхио Рамос постигнале договор за продолжување на соработката.

„Рамос набрзо ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и тоа не е ништо ново. Никакви проблеми засега не постојат. Тој сака да игра за Реал Мадрид и Флорентино Перез го сака во клубот“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…