Тиаго Алкантара во последните денови од преодниот рок добил понуда да се врати во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Меѓутоа, шпанскиот репрезентативец ја одбил понудата од „Камп Ноу“ бидејќи веќе имал постигнато договор со Ливерпул.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според „Гардијан“, клучна улога во трансферот на Алкантара на „Енфилд“ одиграл менаџерот Јирген Клоп, кој го убедил играчот да го избере Ливерпул пред другите клубови.
Алкантара ја напушти Барса во 2013 година и се пресели во Баерн Минхен каде се етаблираше во еден од најдобрите плејмејкери во светот.
Ова лето се пресели во Ливерпул, а Барса направила неколку обиди да го врати на „Камп Ноу“.