Како што е познато од пред некое време македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не е во најдобар однос со неговиот тренер во Спортинг Рубен Аморим и поради тоа е пред заминување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Преодниот рок во најголем дел од Европа заврши, но за Ристовски како опција останува Русија од каде што интерес покажаа Динамо и Спартак Москва.
Меѓутоа како што објавија португалските медиуми македонскиот фудбалер е поблиску до Динамо Москва затоа што овој клуб е поблиску до договор со Спортинг.
Преодниот рок во Русија е отворен до 17. октомври па затоа нема уште многу време за се да се заврши.