Дома Македонски спорт Дориев: Секогаш сум спремен да одговорам на повик за националниот дрес

Дориев: Секогаш сум спремен да одговорам на повик за националниот дрес

Фудбалерот на Шкендија, Љупчо Дориев беше еден од оние фудбалери кои дополнително добија повик од селекторот Игор Ангеловски.

За Дориев ова не е дебитантски повик, тој дебитираше со Лихтенштајн во 2017 година, а имаше и уште неколку повици. Сепак подолго време беше надвор од репрезентацијата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


По повикот после подолго време Спортски.мк го контактираше Дориев кој истакна дека е среќен и секогаш спремен да одговори на повикот за националниот дрес.

„Среќен сум што повторно ќе бидам дел од националниот тим. Без разлика кога и да е ја сум спремен да одговорам на секој повик во националниот дрес“, ни изјави Дориев.

Фото: КФ Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Раководството на Ливерпул може да го замоли Клоп да ја спаси сезоната, потоа има друга цел за нов менаџер

Раководството на Ливерпул може да му се обрати на поранешниот менаџер на тимот Јирген Клоп…