Дома Трансфер зона Агуеро може да го напушти Сити поради Меси

Агуеро може да го напушти Сити поради Меси

Аргентинскиот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро би можел да го напушти тимот следното лето доколку неговиот сонародник Лионел Меси пристигне на „Етихад“, пишува „Мирор“.

На крајот на сезоната истекува договорот на Агуеро со „граѓаните“ и тој може да го напушти клубот на слободен агент.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Агуеро има опција кариерата да ја продолжи во милански Интер, каде се подготвени да му понудат договор на две сезони.

Во исто време, договорот на Меси со Барселона истекува на лето и, како и неговиот сонародник, може да се пресели на „Етихад“ како слободен играч.

Како што е познато, Меси ова лето сакаше да го напушти „Камп Ноу“, но управата на Барса одби да го пушти да замине.

Аргентинецот остана во лоши односи со управата и многу е веројатно дека тој ќе ја напушти Барса следната година, а Сити е фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…