Дома Фудбал Хернандез: Ако се пласираме во ЛШ ќе ја офарбам косата и ќе го истетовирам грбот на Милан

Хернандез: Ако се пласираме во ЛШ ќе ја офарбам косата и ќе го истетовирам грбот на Милан

Во изминатата сезона Тео Хенрнандез беше еден до најдобрите поединци на Милан, а со добрите настапи продолжи и во новата.

Веднаш по доаѓањето од Реал Мадрид бекот покажа дека е еден од најдобрите на својата позиција во Серија А. Сега тој вети дека ако Милан се пласира во Лигата на шампионите ќе ја офарба косата во црвено-црна боја и ќе го истетовира грбот на Милан.

„Се пронајдов самиот себе овде и се чувствувам како дома, моја цел е да останам што подолго тука. Наша главна цел е да се пласираме во Лигата на шампионите, ако го оствариме тоа ќе ја офарбам косата црвено-црна и ќе го истетовирам грбот на Милан“, вети фудбалерот.

Сепак, задачата на Милан нема да му биде лесна затоа што за првите четири позиции во Италија конкурираат 5-6 тима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчез речиси исчезна во кадарот: Интервјуто по турското дерби стана хит (Видео)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2:1, но на социјалните мрежи внимание привлече и инте…