Дома Фудбал Останато Потег кој не би го направил секој: Робињо се врати во Сантос и ќе игра за минимална плата

Потег кој не би го направил секој: Робињо се врати во Сантос и ќе игра за минимална плата

Поранешната бразилска ѕвезда Робињо низ кариерата го носеше дресот на повеќе европски гиганти, а сега се врати на онаму каде што започна.

36 годишниот напаѓач се врати во неговиот Сантос и во овој клуб ќе игра пред се од љубов затоа што според договорот тој ќе добива 271 долар месечно или 14.000 денари. Јасно е дека Робињо во едно вакво време и со неговите години можеше да оди на друго место и да добива далеку поголема плата, но тој покажа желба да игра како што самиот кажа во неговиот дом.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сантос е мојот дом, сакам да му помагнам и на теренот и надвор од него. Клубот минува низ еден тежок финансиски период. Затоа се вратив и ќе играм за минимална плата, парите во овој момент не ми се важни, најважно ми е да бидам туку за мојот клуб“, изјави Робињо.

Робињо дресот на Сантос го носеше од 2002 до 2005, а потоа и во 2010 како позајмен играч. Во кариерата играше уште за: Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити, Башакешир, Атлетико Минеиро…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…