Пријателскиот натпревар помеѓу јуниорските селекции на Англија и Шкотска беше прекинат пред самиот крај на првото полувреме поради позитивен случај на коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот се играше во базата на репрезентацијата на Англија, а позитивен беше селекторот на гостите Били Старк иако во неделата на тестирањето беше негативен. Судијата бил известен дека после последното тестирање кај Старк се вратил коронавирусот и арбитрот не размислувал премногу.
Веднаш се одлучил да го прекине натпреварот и да ги испрати фудбалерите во соблекувалната со цел да спречи дополнително ширење на вирусот.
Од ФС Шкотска соопштено е дека Старк се вратил дома каде што ќе помине десет дена во изолација, додека останатите играчи ги очекува 14 дневен карантин.
Натпреварот бил прекинат при резултат 3:1 за домаќините, вториот натпревар помеѓу овие две селекции беше закажа за недела, но сега и тој ќе биде одложен.