Дома Фудбал Куртоа се повреди, Реал остана без голмани

Куртоа се повреди, Реал остана без голмани

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го напушти лагерот на белгиската репрезентација поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми.

Станува збор за лесна мускулна повреда, но белгиската репрезентација не сака да презема ризик и поради тоа го ослободи Куртоа од репрезентативните обврски.

Куртоа веднаш ќе се врати во Мадрид, а „кралевите“ се надеваат дека голманот ќе биде спремен за следниот меч на 17-ти октомври.

Резервниот голман на Реал, Андриј Лунин е позитивен на коронавирус, што ја усложнува ситуацијата на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …