Во Мадрид завладеа вистинска паника оној момент кога португалските медиуми објавија дека Роналдо сака да си замине од Реал.
Роналдо тогаш наводно порача дека неговата одлука е конечна и дека ништо не може да го натера да ја промени. Навивачите, соиграчите па и Зидан го молеа да остане и му испраќаа пораки, но Роналдо е навреден што клубот не го заштитил при обвиненијата за затајување на данок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесува „Марка“ ситуацијата е многун сериозна, но сепак постои можност Роналдо да остане. Имено, Португалецот му поставил ултиматум на „кралскиот“ клуб. Платете го мојот долг од 13 милиони евра и судските трошоци и останувам во Реал.
Шпанските извори тврдат дека тоа е неговото барање, но од Реал порачуваат дека нема да му стојат на патот на Роналдо доколку тој одлучи да замине.
Меѓутоа, „кралевите“ нема да го пуштат ефтино, неговиот трансфер нема да биде помал од 175 милиони евра. Роналдо има 32 години и оваа сума е максимум што Реал може да ја добие.