Дома Македонски спорт Стигнаа вести од Неапол: Елмас е НЕГАТИВЕН на Ковид-19!

Стигнаа вести од Неапол: Елмас е НЕГАТИВЕН на Ковид-19!

Конечно ги добивме вестите и од Непаол и тие се добри!

Елиф Елмас беше во опасност да биде заразен со Ковид-19 откако Џенова против која играа за викендот објави дека имаат 14 позитивни случаи. Во тој натпревар македонскиот фудбалер играше од 20-тата минута кога влезе на местото на повредениот Инсиње.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според правилата мораа да се тестираат сите во Наполи. Попладнево Елмас и соиграчите ги добија резултатите кои биле негативни. Имено, во Наполи немало ниту еден заразен и од фудбалерите и од членовите на стручниот штаб. Утре за сигурност ќе бидат напревени нови тестови, но не би требало да има промени.

Ова се одлични вести за нас бидејќи на 8. октомври Македонија ја чека натпревар со Косово. Ќе потсетиме, за тој натпревар ќе биде спремен и Пандев кој бил негативен и по второто тестирање во Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Салах го трча последниот круг со Ливерпул

Последната сезона на Мохамед Салах во дресот на Ливерпул влегува во клучен период, а негов…