Дома Топ вести Манчестер Јунајтед почна преговори за Дембеле

Манчестер Јунајтед почна преговори за Дембеле

Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок сака да се засили со квалитетен крилен напаѓач, а најнова мета е Осман Дембеле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оглед на фактот дека Џејсон Санчо е прескап и тешко дека ќе ја напушти Борусија Дортмунд, Дембеле се претвори во примарна цел на „црвените ѓаволи“.

Интересот од „Олд трафорд“ за Французинот не е ништо ново. Беше мета на Јунајтед и во 2017 година кога Барселона беше побрза и го доведе за 125 милиони евра од Борусија.

Дембеле не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Манчестер Јунајтед се надева дека може да го реализира трансферот за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…