Aдама Траоре е играч за кој се пишува во последно време, тој сега доби повик од селекторот на Мали за пријателски натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Траоре играше за младинските категории на Шпанија, држава во која е роден и во која растеше. Два пати доби повик во сениорската репрезентација, но се уште не забележал официјален настап па може да ја промени репрезентацијата и да заигра за Мали од каде што му потекнуваат родителите.
Во 2019 година мораше да го откаже настапот за Шпанија поради повреда, а пред два месеци не можеше да помогне бидејќи беше позитивен на Ковид-19. Сега од Мали го повикаа за пријателските натпревари со Гана и Иран.
„Чест ми е што ме сакаат две репрезентации“, изјави 24 годишниот Траоре, но на повикот од Мали се уште не се јавил. За младата репрезентација на Шпанија одигра два натпревари, а 10 пати го носеше дресот на јуниорската репрезентација.
Mali head coach Mohamed Magassouba names his squad for the international friendly against Ghana next month @Spice919fm pic.twitter.com/A8BEHXWKpS
— kyei yaw baffour (@kyeiyawbaffour) September 28, 2020