Дома Трансфер зона ПСЖ започна преговори за Жоржињо

ПСЖ започна преговори за Жоржињо

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да го продаде играчот за врска, Жоржињо до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал е првиот клуб кој испратил понуда за италијанскиот репрезентативец, но веднаш интерес покажа и ПСЖ.

Медиумите на Островот тврдат дека Челзи не сака да го даде играчот на градскиот ривал, па поради тоа започнале преговори со францускиот шампион.

„Светците“ бараат засилување на средниот ред и веруваат дека Жоржињо идеално би се вклопил како партнер  на Верати.

ПСЖ му понудил на Челзи едногодишна позајмица со право на откуп, а „сините“ сакаат во договорот да стои задолжителен откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…