Дома Фудбал Англија Мурињо му одговори на Солскјер: За него големината на головите не е важна, важен му е шеснаесетникот

Мурињо му одговори на Солскјер: За него големината на головите не е важна, важен му е шеснаесетникот

Оле Гунар Солскјер во саботата го „пецна“ Жозе Мурињо за ситуацијата со димензиите на стативите во Скопје.

Откако противникот пет пати ја погоди рамката од голот Солскјер изјави дека за нив е добро што Мурињо не е тука да ги измери головите. Жозе не остана без одговор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Денес не ги мерев головите затоа што знам дека се тие во ред. Вчера Оле беше среќен за тоа што му се случи на неговиот тим. Се шегуваше на моја сметка, а јас можам да кажам дека головите за него не се важни, за него е важна големината на шеснаесетникот. Мислам дека тој сака да игра во шеснаесетник кој е 20, а не 16 метри“, изјави Мурињо.

Секако, Жозе алудираше на големиот број пенали кои се судат за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изјавата на Пеп не била шега: Халанд објави фотографија и докажа! (Фото)

Најголемата ѕвезда во англиската Премиер лига и непогрешливиот напаѓач на Манчестер Сити, …