Дома Фудбал Лидс договори уште еден трансфер – неговиот прекар е Усеин Болт

Лидс договори уште еден трансфер – неговиот прекар е Усеин Болт

Англискиот премиерлигаш Лидс има намера да го купи Гирано Керк од Утрехт.

Лидс наводно е блиску до ангажирање на крилниот фудбалер од Холандија, објавија британските медиуми.

Старо-новиот член на англиската Премиер лига добро ја започна сезоата, без оглед на поразот од Ливерпул на Енфилд, но веќе во второто коло го победи Фулам и најави дека ќе гледаме добра сезона.

Марсело Биелса е свесен колку му се неопходни засилувања, па од управата побара да го донесат 24-годишниот офанзивец кој претходната сезона постигна 11 погодоци и 12 асистенции.

Утрехт бара околу 10 милиони фунти за играчот и се верува дека Лидс е подготвен да го плати тоа обештетување за играчот кој е под договор со Утрехт до 2023. година и кој се смета за најбрз играч во холандската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Сараево: Последниот второлигаш го исфрли тимот на Зекиќ од Купот!

Само три дена по дерби-победата над Железничар, Сараево доживеа студен туш во Томиславград…