Тренерот на Барселона, Роналд Куман денес зборуваше за заминувањето на Луис Суарез.
Уругваецот после шест сезони си замина од Барселона и потпиша за Атлетико.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Изгледа дека јас испаднав лошиот лик во овој филм иако го повикав Суарез и покажав почит кон него како фудбалер и човек. Му кажав дека ќе биде тешко да се избори за минутажа ако остане, но дека ќе биде дел од екипата. Пред да дојдам јас тука клубот донесе одлуки кои јас ги прифатив“, изјави Куман.
Куман проговори и за објавата со која Меси се прости од Суарез, но и го критикуваше раководството.
„Нормално е да е тажен кога му заминува пријателот. Лео е пример за сите, ниту еднаш не се случило да не биде спремен. Покажа верност и не се сомневам во него“, заврши стратегот на Барселона.