Дома Фудбал Германија Баерн преку соопштение се „откажа“ од Роналдо!

Баерн преку соопштение се „откажа“ од Роналдо!

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен се огласи преку официјално соопштение за гласините кои ги поврзуваат со евентуален трансфер на Кристиано Роналдо.

Баерн на својот официјален сајт објави текст со наслов „Измана на денот“ со слика на црвена патка, нормално алудирајќи на „новинарска патка“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Субјект сме на гласини и интензивни трансфер шпекулации од почетокот на преодниот рок. Гласините за Баерн Минхен се актуелни во весниците, дигиталните медиуми, социјалните мрежи кои се шират со брзина на светлината но често се невистина“.

„Вообичаено е да не ги коментираме написите во медиумите, но во овој случај сакаме да искажеме наш јавен став за поврзувањето со Кристиано Роналдо – тоа е бесмислица и во домен на фнтазијата“, порача Карл-Хајнц Румениге.

Баварците се решаваат по кратка постапка и не сакаат да ги полнат тиражите со шпекулации и невистини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Мареска понуди 70 милиони за ѕвездата на Серија А!

Според италијанските медиуми, менаџерот на Челси, Енцо Мареска понуди 70 милиони евра за ѕ…