Герет Бејл неодамна ги напушти редовите на Реал Мадрид. Се врати во Тотенхем каде ќе помина една година на позајмица.
Неговото заминување се очекуваше со оглед на лошите односи со шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските новинари на Зизу му побараа коментар за трансферот на Бејл, но не го добија она што го посакуваа. Зидан не трошеше многу зборови на својот однос со Велшанецот.
„Немам што да кажам по тоа прашање. Му посакувам се најдобро во иднина, а ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа.“ – истакна Зидан и додаде:
„Фактот што некои од играчите играат повеќе, а некои помалку, не е моја вина. Но, мислам дека Бејл имаше успех во Реал.“
Да потсетиме, Бејл на Бернабеу стигна во 2013. година и со мадридскиот клуб освои 14 трофеи.