Дома Трансфер зона Баерн го сака Ходсон Одој, Челзи спремен да го пушти

Баерн го сака Ходсон Одој, Челзи спремен да го пушти

Европскиот шампион Баерн Минхен го обнови интересот за талентот на Челзи, Калум Ходсон-Одој, пренесува „Скај Спорт“.

Баварците испратија неколку понуди за 19-годишниот крилен фудбалер уште во јануари, а последната понуда беше 35 милиони фунти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, Челзи ги одби сите понуди и успеа да го убеди младиот фудбалер да стави потпис на нов долгогодишен договор.

Челзи значително се засили во летниот преоден рок, па јасно е дека Ходсон-Одој нема да има голема минутажа оваа сезона, и поради тоа инсистира да го напушти клубот.

„Сините“ сакаат да го испратат талентот на едногодишна позајмица, без опција за откуп, но таквата оција Баерн не ја прифака бидејќи сака да го купи талентот во перманентен трансфер.

Поради тоа отворена е опцијата Ходсон-Одој да биде испратен на позајмица во друг клуб од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…