Дома Трансфер зона Ходсон-Одој пред трансфер во Баерн Минхен

Ходсон-Одој пред трансфер во Баерн Минхен

Европскиот шампион Баерн Минхен го обнови интересот за талентот на Челзи, Калум Ходсон-Одој, пренесува „Скај Спорт“.

Баварците испратија неколку понуди за 19-годишниот крилен фудбалер уште во јануари, а последната понуда беше 35 милиони фунти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, Челзи ги одби сите понуди и успеа да го убеди младиот фудбалер да стави потпис на нов долгогодишен договор.

Челзи значително се засили во летниот преоден рок, па јасно е дека Ходсон-Одој нема да има голема минутажа оваа сезона, и поради тоа инсистира да го напушти клубот.

Германските медиуми тврдат дека Баерн веќе се договорил со агентот на играчот и е блиску до договор со Челзи за трансфер во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …