Дома Фудбал Англија Проблеми за Ливерпул: Вајналдум одби да го продолжи договорот

Проблеми за Ливерпул: Вајналдум одби да го продолжи договорот

Играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум одби да го продолжи договорот со „црвените“, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој смета дека со доведувањето на Тиаго Алканатара од Баерн Минхен додатно ќе се намали неговата минутажа и поради тоа е спремен да си замине од „Енфилд“.

29-годишниот Холанѓанец е голема трансфер желба на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.

Проблем за Ливерпул е што договорот на Вајналдум истекува во јуни 2021 година, па би можел на лето да си замине како слободен агент.

Ливерпул за неговата слобода сега бара 40 милиони евра, сума која Барселона не е спремна да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лоренцо Инсиње договори враќање во Италија!

Лоренцо Инсиње, некогашниот капитен на Наполи и долгогодишен италијански репрезентативец, …