Раководството на Серија А не и прости на Рома, „волчицата“ со службени 3:0 го загуби натпреварот против Верона.
Причината за ваквиот пораз е настапот на Амаду Диавара. Имено, Диавара кој во јули наполни 23 години бил пријавен за тимот до 22 години, а не за првиот состав на римскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Циркус се случи по ваквиот настан. Генералниот секретар, Панталео Лонго кој е виновник за ваквата грешка доби отказ и ја напушти Рома. И веднаш по напуштањето на Рома тој пронајде нов клуб и тоа ни помалку, ни повеќе во – Верона!
Навистина чуден расплет на настаните, а дали целиот случај има некаква позадани и намера од страна на Лонго тешко е да се каже. Лонго во Рома пристигна минатата година заедно со неговиот пријател Џанлука Петраки кој си замина во јуни по расправија со поранешниот претседател на клубот Џејмс Палота.