Дома Трансфер зона Лампард го потврди трансферот на новиот голман, Чех одиграл важна улога

Лампард го потврди трансферот на новиот голман, Чех одиграл важна улога

Она што се најавуваше во претходните денови сега го потврди и тренерот на Челзи, Френк Лампард.

На последната прес-конференција Лампард потврди голманот на Рен, Менди ќе се пресели во Челзи.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Тој ги поминува медицинските прегледи. Набрзо се ќе биде завршено. Кепа добива здрава конкуренција и со него ќе се бори за статусот прв голман“.

Лампард откри и дека главна улога во доведувањето на Менди имал Петар Чех.

„Чех имаше големо влијание. Тој беше најдобар голман на светот и добро знае што ни е потребно, го оставивме тој да одлучи“, заврши Лампрд.

Останува да видиме дали со доаѓањето на Менди Кепа уште веднаш ќе се пресели на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…