Вчера Болоња на Синиша Михајловиќ доживеа пораз на гости кај Милан од 2:0 во рамките од првото коло во Серија А.
Двата гола за Милан беа дело на Златан Ибрахимовиќ, одличен во натпреварот беше и голманот Џанлуиџи Донарума. Младиот голман забележа неколку супер интервенции, посебно се истакна во последните 15 минути кога не дозволи гостите да постигнат гол за надеж.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Михајловиќ по натпреварот беше запрашан за добриот настап на Донарума, а тој даде интересен одговор.
„Погрешив што му дадов шанса да дебитира. Преку глава ми е да прави чуда кога игра против мене“, се пошегува српскиот стратег.
Ќе потсетиме, Михајловиќ не се задржа премногу долго во Милан, но токму на негово инсистирање Џанлуиџи Донарума доби шанса да дебитира за првиот тим на само 16 години. Денес, Донарума има 21 година и зад себе собра 205 натпревари во дресот на „росонерите“.