Дома Трансфер зона Барселона и Манчестер Сити се договорија за Ерик Гарсија

Барселона и Манчестер Сити се договорија за Ерик Гарсија

Барселона и Манчестер Сити конечно постигнаа договор за трансфер на младиот дефанзивец Ерик Гарсија, пренесуваат шпанските медиуми.

Ерик Гарсија е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Каталонците сакаат да го вратат и веќе подолго време водеа преговори со Манчестер Сити, а сега двете страни конечно постигнаа договор.

Дефанзивецот одби да го продолжи договорот со Сити, па „граѓаните“ беа приморани да го продадат, а за неговата слобода бараа 18 милиони евра.

Барселона се согласи да ја плати таа сума, па играчот во следните денови ќе го комплетира трансферот на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…