Дома Трансфер зона Барса кажа ДА: Семедо се сели во Премиер лигата

Барса кажа ДА: Семедо се сели во Премиер лигата

Премиерлигашот Вулверхемптон е многу близу до привлекување на десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо, пренесуваат европските медиуми.

Во саботата „волците“ испратија понуда што Каталонците се подготвени да ја прифатат. Според неофицијални информации, таа е во рамките на околу 30 милиони фунти.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Сега останува уште Семедо да ги договори личните услови со англискиот клуб за да се финализира трансферот.

Според медиумите, трансферот ќе биде затворен во следниве часови, а во меѓувреме Барселона ќе се раздели и со играчот за врска Артуро Видал, кој оди во италијански Интер.

Со продажбата на овие фудбалери Каталонците ќе имаат буџет за да го комплетираат трансферот на Мемфис Депај од Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…