Дома Фудбал Англија Жозе повторно во негов стил: Ќе биде ли Деле Али новата „жртва“ на Мурињо?

Жозе повторно во негов стил: Ќе биде ли Деле Али новата „жртва“ на Мурињо?

Oд вчера во медиумите е посебно актуелна веста дека Герет Бејл би можел да се врати во Тотенхем, преговорите наводно веќе се водат на големо. Се шпекулира дека во оваа зделка би можел да биде вклучен Деле Али.

Навивачите на Тотенхем можеби ги изненадува тоа што Деле Али е достапен за другите кубови. За англискиот репрезентативец се смета дека е еден од клучните играчи во тимот од Лондон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа сега Габриел Агбонлахор тврди дека Мурињо имал расправија со Деле Али. Наводно, Деле Али не требало да го започне и натпреварот против Евертон, но Бергвајн почувствувал силна мигрена пред почетокот на мечот.

„Чувствувам дека им треба добра „десетка“ бидејќи сум известен од доверливи извори дека Мурињо и Деле Али се скарале. Сме виделе безбрзој такви ситуации кај Мурињо со важни играчи…Во Јунајтед беше така со Шо и Погба. Мислам дека Деле Али може да биде негова следна жртва. Видовте што направо со Роуз, срамно (повеќе за ситуацијата со Роуз тука), тој и понатаму е најдобар лев бек на Тотенхем“, изјави Агбонлахор за англиските медиуми.

Од друга страна навивачите на Тотенхем се навиваат на фамозната втора сезона на Мурињо, тогаш Португалецот освојува трофеи. Ќе видиме како ќе биде во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…