Дени Роуз до доаѓањето на Мурињо во Тотенхем беше стандарден првотимец, но од кога е Португалецот во тимот го изгуби своето место во почетниот состав.
Мурињо на него не смета и се очекува Роуз многу брзо да пронајде нов клуб. Имено, тој пред крајот на минатата сезона побарал да игра повеќе, меѓутоа Мурињо не го сослушал неговото барање, а сега е ставен на трансфер листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причината што не играше е што Мурињо покрај него има уште двајца леви бекови и на Роуз не му верува.
Роуз дури го изгуби и бројот во Тотенхем и не е регистриран за новата сезона, а тоа него лично ниту Жозе, ниту некој друг од клубот не му го соопштил. Роуз се шокирал кога гледајќи ТВ дознал дека за него нема место во новата сезона.
Медиумите тврдат откако Роуз видел дека не е регистриран за новата сезона веднаш го побарал Мурињо и имале жестока расправија.