Спротивно од очекувањата во финалето на Западната конференција во НБА лигата ќе игра Денвер против Лејкерси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тимот од Коларадо рано утрово по наше време во седмиот натпревар од полуфиналето го совлада Клиперс со резултат 104:89 и така се пласираше во финалето на оваа конференција.
Го комплетираа Клиперси така второто враќање во низа после заостанување од 1:3 и после Јута на таков начин го елиминираа и фаворитот од Лос Анџелес. Станаа првиот тим на кој му успеало такво нешто. Џамал Мареј во првото полувреме ги одржуваше Наџентси уфрлувајќи 25 поени, а кога во продолжение се приклучи маестралниот Јокиќ, како и Милисап, Грант и Морис за неубедливите Клиперси немаше шанси.
Мареј уфрли 40 поени, а Никола Јокиќ запиша одличен трипл-дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции. Со ова Јокиќ стана стана првиот играч после 2004 година кој успеал да оствари три трипл-дабл во 7 натпревари.
Кај Клиперси најефикасен беше Харел со 20 поени, додека тандемот Ленард – Џорџ потфрли. Каваи уфрли 14, а Џорџ само 10 со катастрофален шут од игра.
Пред овој натпревар беше одигран и првиот натпревар од финалето на истокот каде што Мајами во одличен натпревар после продолженија го победи Бостон со 117:114 и поведе во серијата со 1:0.