Дома Фудбал Англија Анчелоти го нокаутира Мурињо (видео)

Анчелоти го нокаутира Мурињо (видео)

Тимот на Евертон после цели 12 години успеа да слави на гостувањето кај Тотенхем и со победа ја отвори новата сезона во Премиер лигата.

Тимот на Анчелоти заслужено славеше на гости кај Мурињо, кој сигурно ќе има замерки на играта на своите фудбалери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првото полувреме гледавме израмнета игра, со спорадични шанси на двете страни. Тимот на Мурињо делуваше безидејно, а тоа „карамелите“ знаеа да го казнат во вториот дел.

Доминик Калверт Левин во 55-та минута му донесе водство на Евертон, кој потоа имаше уште неколку шанси за да слави убедлива победа.

Во тимот на Анчелоти дебитираа Хамес Родригез и Алан, а бразилецот беше еден од најдобрите на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го врати својот бисер од Серија “А”

Нико Пас, по одличните настапи со дресот на Комо, се подготвува за враќање во Мадрид, биде…