Дома Македонски спорт Дени Илиев денес за првпат ќе биде дел од премиерлигашки натпревар?

Дени Илиев денес за првпат ќе биде дел од премиерлигашки натпревар?

Maкедонскиот репрезентативец Дејан Илиев за првпат во кариерата би можел да бидел од еден премиерлигашки натпревар, реални се шансите Илиев да биде на клупата на Арсенал за денешниот натпревар против Фулам.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Фулам се игра денес во 13:30 часот. Досегашната резерва на Бернд Лено, Емилијано Мартинез е пред трансфер во Астон Вила, па најавите на англиските медиуми се дека Илиев ќе биде на клупата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај Илиев опции се Артур Оконово кој има 19 години и 18 годишниот Карл Хајн. Тука е Мет Мејси кој е трет голман, меѓутоа тој вчера бранеше за тимот на Арсенал до 23 години и веројатно не е во комбинација.

За англиските медиуми Илиев има најголеми шанси денес да биде резервата на Лено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…