Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.
„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барса сака да го врати уште ова лето на „Камп Ноу“ и испратила понуда од 10 милиони евра, која се претпоставува дека ќе биде одбиена.
Каталонците се подготвени да ја зголемат својата понуда на 15 милиони, а доколку „граѓаните“ повторно одбијат, Барса ќе почека до летото 2021 година, кога истекува договорот на играчот.
Претходно, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор. Минатата сезона, Гарсија одигра 20 натпревари во сите натпреварувања.