Со почеток од 18 часот денес репрезентациите на Шведска и Англија го отворија Европското првенство до 21 година кое се игра во Шведска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шведска и Англија одиграа скоро изедначен натпревар, но најголемата шанса за погодок ја пропуштија домаќините кои не реализираа пенал преку Валквист во 81 минута од натпреварот, Пикфорд го одбрани неговиот удар.
Во првиот дел голманите и на двете страни беа без работа, немаше ниту еден удар во рамките од голот.
Вториот дел започна во слично темпо, но домаќините беа нешто по опасни во намерата да го загрзоат голот на Пикфорд. Сепак, на крајот немаше погодоци.