Синиша Михајловиќ го победи коронавирусот!
Српскиот тренер спаѓаше во ризичната група на пациенти кај овој вирус, а борбата со вирусот ја започна брзо откако ја победи леукемијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога пристигна веста дека Михајловиќ е позитивен фудбалскиот свет беше загрижен, но Миха повторно излезе како победник.
Болоња во краток текст потврди дека Михајловиќ на последниот тест бил негативен и од утре нормално ќе го води тренингот на Болоња. Болоња сезоната ќе ја отвори на 21 септември во натпреварот на гостински терен против Милан на „Сан Сиро“.