Дома Трансфер зона Хамес Родригез пристигна во Ливерпул

Хамес Родригез пристигна во Ливерпул

Хамес Родригез денес пристигна во Ливерпул за да го финализира трансферот од Реал Мадрид во Евертон.

Се очекува 29-годишниот Колумбиец да потпише 3-годишен договор со „карамелите“, а англискиот клуб за неговиот потпис ќе плати околу 20 милиони фунти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Хамес беше голема желба на тренерот Карло Анчелоти, кој одлично ги познава неговите квалитети бидјеќи ги тренираше во Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Хамес ќе му се приклучи на тимот веднаш откако ќе ги мине лекарските прегледи, а неизвесно е дали ќе биде спремен за првото коло кого Евертон му гостува на Тотенхем во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…