Отвореното тениско првенство на Франција, „Ролан Гарос“ ќе се игра со присуство на публика.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французите пред неколку дена најавија дека ќе има публика на терените, а сега тоа и официјално е потврдено. На „Ролан Гарос“ ќе има максимално 15.000 гледачи на ден.
Тие ќе бидат поделени во три зони и во секоја ќе има по 5.000 гледачи.
Публиката ќе може да присуствува на трите најголеми стадиони – Филип Шатрие, Сузан Ленгле и Симон Матје, а маските ќе бидат задолжителни.
„Ролан Гарос“ оваа година на програмата е од 28 септември до 11 октомври.