Милан ги започна преговорите за продолжување на соработката со голманот Џанлуиџи Донарума, а тоа сигурно нема да биде лесно.
Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Раиола побарал плата од 10 милиони евра по сезона за младиот голман.
Донарума во моментов заработува 6 милиони евра, а ова би значело значително зголемување со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А.
Милан ќе мора да ги задоволи барањата на младиот голман, во спротивно може да го загуби без обештетување на крајот на сезоната.
Донарума е „дете“ на Милан и веќе на 21 година има повеќе од 200 настапи за славниот италијански клуб.