Манчестер Сити изгледа одново ќе плати огромна сума на еден дефанзивец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите на британските медиуми во следните денови нов играч на „граѓаните“ ќе стане Калид Кулубали. Се пишува дека преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза и Кулибали ќе се придружи на тимот на Гвардиола.
Трансферот се очекува да изнесува околу 75 милиони евра, тоа е понудата која Сити е спремен да ја испрати.
Ќе потсетиме, неодамна и првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис потврди дека Кулибали има дозвола да замине во случај на адекватна понуда, оваа од Сити веројатно е таква.