Дома Останати Кошарка НБА Изненадување: Стив Неш е новиот тренер на Бруклин

Изненадување: Стив Неш е новиот тренер на Бруклин

Легендарниот канадски кошаркар, Стив Неш, е именуван за главен тренер на НБА тимот Бруклин Нетс. 

Неш, кој има 46 години, нема искуство во тренерската дејност, но за време на неговата кариера беше вистински лидер и еден од најдобрите плејмејкери во светот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со недели, сопственикот на клубот, Џо Цаи и генералниот меназер, Шон Маркс се обидувале да го убедат Неш да седне на клупата на Бруклин, и на крајот им успеало.

Ова е големо изненадување бидејќи Неш нема тренерско искуство како главен тренер, а Нетс во следната сезона ќе има шампионски амбиции бидејќи во составот ќе ги има Кајри Ирвинг, Кевин Дурант и Деандре Џордан.

„Сакам да учам. Сакам да бидам дел од тим и да градам таков. Исто така, сакам да се натпреварувам. Овие работи ме ставаат во позиција да бидам возбуден и да ја искористам оваа можност. Отсекогаш сум сакал да бидам тренер“, изјави Неш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…