Тотенхем спрема изненадувачки потег да го врати Кристиан Ерикесен во Лондон, само осум месеци после неговиот трансфер во Интер, пренесуваат англиските медиуми.
Интер го донесе Ериксен за сума од околу 20 милиони евра во јануари, а сега Конте е подготвен да го продаде за околу 40 милиони евра со цел да собере средства за нови трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данскиот плејмејкер не успеа да се вклопи во формацијата на Конте и поради тоа Интер е спремен да го продаде, а Тотенхем сака да ја искористи таквата ситуација.
Мурињо веќе му се јавил на Ериксен да го убеди да се врати во Тотенхем, а двата клуба почнале преговори за трампа која ќе го вклучува Танги Ндомбеле.
Ндомбеле е голема желба на Конте, а вредноста на двајцата фудбалери е приближно иста во моментов.