Дома Топ вести Таткото на Меси пристигна во Барселона, следува клучниот состанок ?

Таткото на Меси пристигна во Барселона, следува клучниот состанок ?

Целиот фудбалски свет остана во шок откако минатата недела Лионел Меси побара да ја напушти Барселона.

Аргентинската ѕвезда одлучи да ја напушти Барселона по 20 години, а како главен фаворит за неговиот потпис се споменува Манчестер Сити.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претседателот Жозеп Марија Бартомеу верува дека Аргентинецот е обврзан со договор кој автоматски е продолжен и во случај да сака да ги напушти клубовите, тој бара обештетување од 700 милиони евра.

Меси пак бара Барселона да му го раскине договорот, одлучен е во својата намера поради што не се појави на почетокот на подготовките.

Неговиот татко, Хорхе Меси, кој воедно е и менаџер на најдобриот светски фудбалер, утрово пристигна во Барселона и во текот на денот треба да се сретне со претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу.

Хорхе Меси очекувано беше „нападнат“ од голем број новинари кои се обидоа да извлечат барем кратка изјава од него.

Тој немал конкретен одговор на прашањето дали неговиот син ќе остане во Барселона. На новинарите само им рекол дека „не знае ништо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …