Европскиот вицешампион испратил понуда од 60 милиони евра до Лацио за услугите на Сергеј Милинковиќ Савиќ, објавија италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Савиќ истекува за две години и Лацио затоа не брза премногу. Италијанците сметаат дека оваа понуда нема да ги задоволи апетите на Клаудио Лотито и може да се смета само за потег да се влезе во почетни преговори. Савиќ со Лацио е врзан со договор до 2022 година.
Во Рим Савиќ пристигна за 18 милиони евра од белгиски Генк во 2015 година.